Ракометот на плажа одново е актуелна тема во македонската спортска јавност откако нашата репрезентација ја прифати поканата да биде дел од европскиот шампионат кој во мај ќе се одржи во Португалија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ИХФ и ЕХФ најавуваа иницијативи ракометот на плажа наскоро да стане олимписки спорт. Таквата ситуација придонесе и за нов ангажман во македонската ракометна федерација. За Национален кординатор за ракомет на плажа именуван е Марјан Начевски, додека негов заменик е судијата Сашко Кркачев.
За селектор на претстојното европско првенство избран е долгогодишниот сениорски репрезентативец Златко Мојсоски, а ќе му помаѓа поранешната вардарка, Ања Алтхаус.
Фото: РК Бутел