Водечките екипи во македонската втора лига без проблеми славеа победи во рамките од 22-то коло.
Лидерот Вардар на стадионот „Борис Трајковски“ ја совлада Каменица Саса со 3:0. Десниќ во првото полувреме донесе водство на вардарци, додека во финишот Размоски и Митев ги поставија конечните 3:0.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Воска Спорт на гости кај Слога Виница забележа триумф од 1:3, додека Гостивар со 0:3 ја совлада Беласица во Струмица, па така го одржаа чекорот со лидерот.
Пелистер дома беше подобар од Детонит со 2:0.
ВМФЛ РЕЗУЛТАТИ:
Вардар – Каменица Саса 3-0
Охрид – Борец 2-0
Слога Виница – Воска спорт 1-3
Беласица – Гостивар 0-3
Тетекс – Беса 1-2
Пелистер – Детонит 2-0
Арсими – Караорман 3-1
Кожуф – Локомотива Скопје 2-1