Maкедонија утре ги започнува квалификациите за Европското првенство 2024 година, а во нив ќе биде без Доријан Бабунски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Бабунски кој игра во одлична форма заработил повреда на бутниот мускул на последниот натпревар за Дебрецин, па иако беше на списокот, сепак нема да може да помогне.
„Дорија нза жал има повреда на бутот која ја заработи на последниот натпревар и последните снимки покажаа дека нема да може да биде на располагање. Ќе почекаме на следниот собир да го имаме на располагање. Останатите сите се здрави“, изјави Милевски.
Против Малта играме утре од 20:45 часот, додека во понеделник фудбалерите ќе одиграат и пријателски натпревар со Фарски Острови.