Дома Топ вести Барселона не се откажува од Бернардо Силва

Барселона не се откажува од Бернардо Силва

Барселона продолжува да биде заинтересирана за ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва и сака на лето да го доведе на „Камп Ноу“.

Бернардо Силва сака да се пресели на „Камп Ноу“, но во исто време нема проблем да остане во шампионот на Премиер лигата доколку каталонскиот гигант не може да му вети дека ќе направи се што е потребно за да го доведе.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Португалецот беше многу посакуван од тренерот Чави во последниот преоден рок, но договор никогаш не беше постигнат поради високата цена која ја поставија „граѓаните“.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека Барселона не се откажува од намерата да го доведе и повторно ќе се обиде на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…