56-годишен жител на Кичево, физички нападнал делегат на ракометен натпревар кој се одржувал во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од МВР, вчера било пријавено е дека во 11,45 часот, на полувреме од ракометен натпревар одржан во спортската сала „Христо Узунов“ во Кичево, Ј.Ш.(56) од Кичево, го нарушил јавниот ред и мир и од трибините влегол во спортскиот терен по што, физички го нападнал делегатот на натпреварот, С.Р.(36) од Охрид.
Натпреварот е прекинат и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.