Maкедонската ракометна репрезентација победи на последниот натпревар на Мундијалот против Јужна Кореја со 33:36.
Така избраниците на Кире Лазаров завршија на 27-то место од 32 репрезентации на Светското првенство.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Одлично го почнавме натпреварот, во еден момент имавме водство и од шест голови разлика 17-11, но на одморот заминавме само со еден позитива, 20-19.
Во второто полувреме повторно ја зголемивме предноста на три гола, но Кореја се врати во мечот и долго време држеше само еден гол негатива. Натпреварот беше решен во последните пет минути кога одигравме подобро од противникот и славевме победа за освојување на 27 место.
Најдобар поединец во нашата репрезентација беше Томовски кој имаше 14 одбрани, најдобар стрелец беше Кузмановски со осум голови, Костески постигна шест, Серафимов пет, Талески четири.
Фото: РФМ