Дома Трансфер зона Артета потврди: Арсенал ќе купува во јануари, позната и главната мета

Артета потврди: Арсенал ќе купува во јануари, позната и главната мета

Микел Артета во изјава за англиските медиуми истакна дека неговиот Арсенал ќе биде активен во јануарскиот преоден рок.

Причина е повредата на Габриел Жесус, Арсенал ќе бара ново засилување во нападот, но очигледно тоа нема да биде се.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Ќе му треба време, сигурно“, одговори Артета на прашањето за состојбата на Габриел Жесус.

„Ќе бидеме активни и сакаме да го засилиме тимот“, додаде шпанскиот стратег.

Кој е решението?

Арсенал долго време е заинтересиран за младиот Микајло Мудрик од Шахтјор.

„Не можам да кажам дека нема интерес кога има. Сепак, тој денес е тука, со нас, од 9 јануари ќе биде на тренинзи, ќе се подготвува за следните натпревари во Европа“, изјави Николини, спортскиот директор на Шахтјор.

Мудрик постигна 3 гола и додаде две асистенции во Лигата на шампионите во група со Лајпциг, Селтик и Реал Мадрид. Неговиот договор со Шахтјор има важност до 2026 година и вреди околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…