Дома Македонски спорт Мак фудбал Ангеловски и Пандев сигурни: Можеме до победа!

Ангеловски и Пандев сигурни: Можеме до победа!

Македонската фудбалска репрезентација, вечерва ќе го одигра првиот натпревар пред домашната публика, во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија.

„Израел е фаворит на хартија, но тоа ќе важи само до почетокот на натпреварот, кога мечот ќе започне ние ќе „гриземе“ за да стигнеме до победата. Во последно време нашите резултати не се сјајни, поради тоа мора да одиграме добро, да го подобриме впечатокот кај публиката“, изјави селекторот Ангеловски, кој нема да може да смета на услугите на стандардниот дефанзивец Ванче Шиков, кој има повреда на скочниот зглоб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вечерашната пресметка ќе биде четврта помеѓу двете репрезентации. Македонија нема победа, трите дуели Израелците ги добиле со гол разлика, а актер на две средби (квалификации за ЕП во 2008 година), бил капитенот Горан Пандев.

„Одбраната им е послаб дел од тимот, тоа треба да го искористиме. Израел е технички добро „поткована“ репрезентација. Ќе сториме сѐ за да забележиме позитивен резултат“, рече Пандев..

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…