Дома Топ вести Имаат ли Каталонците дополнителни причини за грижа – Кога ќе го обезбедат најважниот потпис?

Имаат ли Каталонците дополнителни причини за грижа – Кога ќе го обезбедат најважниот потпис?

Во Барселона се во исчекување на веројатно најважниот потпис во клубот во последната деценија.

Се работи секако за Лионел Меси кој наскоро би требало да го продолжи договорот со Барселона, пренесуваат шпанските медиуми. Од Барселона тврдат дека иако сеуште Меси не го продолжил договорот, проблеми нема и наскоро се ќе биде официјализирано со продоложување на соработката.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


„Останаа само формалности, нема проблеми. На сите кои се грижат сакаме да им кажеме дека воопшто нема потреба за такво нешто“, изјави директорот на клубот Алберт Солер.

Договорот на Меси истекува летото 2018 година, а новиот би требало да има важност до 2021 година.

Меси има 30 години и целата професионална кариера ја помина во Барселона каде што пристигна како тинејџер.

Барселона е на ударот на јавноста и навивачите бидејќи договорот со Меси сеуште не е потпишан, а помеѓу Каталонците владее и страв поради трансферот на Нејмар кој неодамна премина од Барселона во ПСЖ за сума од 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Големи пофалби за Де Геа откако блескаше против Милан: Тој се уште е ѕвер – голман од светска класа!

Eкипата на Фиорентина славеше победа со 2:1 против Милан, а најголеми заслуги за овој триу…