Борусија Дортмунд нема намера да го продаде белгискиот репрезентативец Томас Муние, откако играчот беше поврзуван со Манчестер Јунајтед и Барселона.




Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед сака да се ослободи од Ван Бисака и дека Муние е прв избор за негова замена на десната бековска позиција.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Исто така и Барселона е во потрага по десен бек и покажа сериозен интерес за 30-годишниот Белгиец, кој има договор со Борусија до 2024 година.




Сепак, спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел, беше категоричен дека клубот не сака да се раздели со Муние ова лето.




„Немаме намера да го продадеме Томас Муние, во моментов не планираме да го продадеме“, изјави Кел.