Кристиано Роналдо цело лето инсистира да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во клуб кој настапува во Лигата на шампиони.
Многу клубови ја одбија можноста да го донесат Португалецот во своите редови, но неговиот агент Жорге Мендеш не се откажува да му најде нова дестинација на Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Според „Скај Спорт Италија“, Мендеш повторно ги понудил услугите на Роналдо на Наполи и на Милан. „Наполитанците“ донесоа многу напаѓачи со потписите на Џакомо Распадори, Џовани Симеоне и Хвича Кварацхелија, но не е исклучено да бидат во искушение од можноста да го доведат 37-годишниот Португалец.
Евентуалното доаѓање на Роналдо би значело дека Наполи ќе мора да го продаде својот главен стрелец Виктор Осимен. Планот на Мендеш е да им помогне на Италијанците да дојдат до највисоката можна цена за нигерискиот напаѓач.
Стратегијата на менаџерот е иста и во контактите со Милан. Тој им вети на „росонерите“ дека ќе го продаде Леао во Челзи за 120 милиони евра и на негово место го земат Кристиано. Сепак, тешко дека Милан ќе покаже интерес за таква зделка.