Дома Трансфер зона Позната најголемата трансфер желба на Реал Мадрид

Позната најголемата трансфер желба на Реал Мадрид

Шпанските медиуми пренесуваат дека главна цел на Реал Мадрид за следното лето ќе биде ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но планот на Реал Мадрид е Англичанецот да пристигне следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.

Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови и веќе работи на трансферот, а е спремен да плати 90 милиони евра за неговиот потпис.

„Кралевите“ веќе почнаа со подмладување на тимот, па после Камавинга и Чуамени, следна ѕвезда која ќе пристигне на „Сантиаго Бернабеу“ најверојатно ќе биде Белингам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…