Дома Трансфер зона Милан купува уште еден Белгиец

Милан купува уште еден Белгиец

Милан е силно заинтересиран за белгискиот играч за врска, Самби Локонга, кој минатото лето се пресели во Арсенал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Локонга во првите неколку месеци играше редовно, но подоцна го загуби местото во првиот тим кај Артета.

22-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.

Сега силен интерес за него покажува италијанскиот шампион Милан, кој во Локонга гледа идеална замена за Кеси.

Малдини веќе стапил во контакт со агентите на Белгиецот, кој е отворен за трансфер на „Сан Сиро“. „Росонерите“ наскоро ќе испратат и официјална понуда, а го сакаат Локонга на позајмица со право на откуп.

Милан ова лето веќе донесе двајца белгиски репрезентативци, Дивок Ориги од Ливерпул и Де Кетеларе од Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…