Дома Трансфер зона Мурињо ќе слави: Рома го договори еден од најважните потписи!

Мурињо ќе слави: Рома го договори еден од најважните потписи!

Стравуваа навивачите на Рома ова лето дека нивниот миленик Николо Заниоло може да го напушти „Олимпико“.

Се поврзуваше Заниоло со Јувентус, го сакаше и Конте во Тотенхем, но стрелецот на победничкиот гол за Рома во финалето од Конференциската лига одлучи да остане верен на „волчицата“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Италија 23-годишниот репрезентативец на Италија ќе го продолжи договорот со Рома и ќе остане во Рим до 2027 година.

Оваа одлука посебно го израдува Жозе Мурињо. Португалскиот стратег повеќе пати истакнуваше колку му значи Заниоло и дека се надева на негово останување и како што стојат работите желбата ќе му се исполни.

Заниоло во Рим дојде од Интер во 2018 година во трансфер вреден 4.5 милион евра. За четири години одигра повеќе од 100 натпревари за „волчицата“ и постигна 22 гола, а подели уште 15 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…