Манчестер јунајтед има лош почеток на новата сезона, откако избраниците на тренерот Ерик Тен Хаг запишаа два порази во воведните две кола.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Главна тема повторно е Кристијано Роналдо и неговата желба да замине, иако клубот претходно инсистираше дека Португалецот не е на продажба.




„Би-Би-Си“ објави дека извори од клубот откриваат дека односот на Роналдо прави проблеми во соблекувалната и затоа раководството му дало дозвола да замине.




„Во Јунајтед е уништена позитивната атмосфера, Роналдо прави проблеми и не комуницира со неговите соиграчи“, пишува медиумот.




Тен Хаг претходно кажа дека Роналдо сакал да остане, но тоа не го потврдува неговиот агент Жорж Мендеш кој бара нов тим за фудбалерот.