Дома Фудбал Англија Венгер и по ова ќе се сруши: Конте се договори, на „Стемфорд Бриџ“ пристигнува големото засилување

Венгер и по ова ќе се сруши: Конте се договори, на „Стемфорд Бриџ“ пристигнува големото засилување

Фудбалските екипи на Челси и Арсенал постигнаа договор.

Алекс-Окслејд Чембрлен ќе биде нов член на Челси, тукушто потврди Скај Спорт.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Арсенал на крајот ја прифати понудата на Челси од 40 милиони евра, и англискиот репрезентативец ќе го засили тимот на Антонио КОнте.

Денес попладне треба да се реализираат завршните преговори, а потоа Окс ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише договор со „Плавите“.

Конте го посакуваше Англичанецот за да ја засили конкуренцијата по десниот бок, па сега Чембрлен ќе води битка со Мозес за позиција во тимот.

До крајот на преодниот рок, се очекува продолжување на офанзивата на Челси, бидејќи Конте сака и играч за врска и напаѓач, па ќе биде сигурно интересно до крајот на следната недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хорор: Погледнете одблиску како изгледа комбето во кое загинаа навивачите на ПАОК (Видео)

Фудбалскиот свет беше потресен пред десетина дена од трагедијата која се случи во Романија…