Италијанскиот гигант Интер е во потрага по дефанзивец откако ја загуби битлата за Глеисон Бремер од Торино.
„Нероаѕурите“ спремаат понуда за 26-годишниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Мануел Аканџи.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во Интер сметаат дека Аканџи ќе биде идеална замена за Скриниар, кој е трансфер желба на ПСЖ и може да се пресели во Париз за 60 милиони евра.
Швајцарецот за германскиот клуб одигра 5 сезони откако беше привлечен од Базел во 2017 година и сега сака да ја промени средината.
Интер ќе се обиде да го договори трансферот за 20 милиони евра плус бонуси, бидејќи Аканџи инсистира да замине од Дортмунд.