Дома Трансфер зона Челзи не се откажува, спрема рекордна понуда за Фофана

Челзи не се откажува, спрема рекордна понуда за Фофана

Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи не се откажува од дефанзивецот на Лестер, Весли Фофана и спрема нова понуда.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Сините“ се во потрага по квалитетен дефанзивец, па откако ја загубија битката за Жил Кунде, се насочија кон Фофана.

Лестер е во силна позиција да преговара за 22-годишниот дефанзивец бидејќи тој има договор до летото 2027 година. 

Челзи испрати прва понуда од 60 милиони фунти плус бонуси, но Лестер експресно ја одби таа понуда.

Англиските медиуми пренесуваат дека „сините“ се спремни да го соборат рекордот за дефанзивец и да платат 80 милиони фунти колку што бара Лестер.

Фофана веќе има договор со Челзи и инсистира да се пресели на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…