Финансиските проблеми на Интер немаат крај и клубот и ова лето ќе мора да продава некои од своите најдобри фудбалери.
За клубот да функционира нормални му е потребен приход од 70 милиони евра и затоа ова лето повторно се очекува заминување на некоја од ѕвездите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер одлучил да го стави на продажба Лаутаро Мартинез и ќе го продаде ако добие понуда од 60-70 милиони евра.
Директорот Марота се надева со тие пари да го покрие „минусот“, а на негово место без обештетување да го донесе Пауло Дибала.
Интерес за Лаутаро покажуваат Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед.