Италијанскиот фудбалер Леонардо Спинацола на Европското првенство во натпреварот против Белгија на 2. јули заработи тешка повреда која го спречи да игра во продолжение на турнирот кој Италија го освои.
Спинацола до моментот на повредата беше еден од најважните играчи во италијанската репрезентација, но и без него „Аѕурите“ стигнаа до европскиот трон. На терените Спинацола се врати после цели 10 месеци, тој доби шанса од Мурињо во последните минути од вчерашниот натпревар против Фиорентина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Еден месец веќе се чувствувам добро и тренеирам, не можев да дочекам да се вратам. За мене секоја минута е важна. Сонував десет месеци за овој момент, навистина сум среќен. Знам дека можам да станам подобар играч и ќе бидам посилен од она што бев претходно. Повторно се чувствувам како да сум јас и се надевам ќе дадам свој допринос“, изјави Спинацола.