Ѕвездата на Манчестер Сити, Пол Погба ја одбил понудата на Манчестер Сити да му се приклучи на тимот на Пеп Гвардиола ова лето, пренесуваат медиумите на Островот.
Еминентниот новинар Дејвид Орнстијн, Погба и неговиот тим сериозно размислувале за понудата од „граѓаните“, но на крајот ја одбиле понудата бидејќи Французинот преферира да се пресели во друго првенство.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Јувентус, Пари Сен Жермен и Реал Мадрид и понатаму се претенденти за потписот на 29-годишниот играч за врска, кој по крајот на сезоната ќе стане слободен агент.
Сепак, се уште не е донесена конечна одлука каде Погба ќе ја продолжи кариерата. ПСЖ се смета како фаворит за неговиот потпис.
Французинот поради повреда нема да настапува повторно до крајот на сезоната, а за Јунајтед одигра 239 натпревари, постигнувајќи 39 гола и имаше 51 асистенција.