Дома Фудбал (Видео) Хименез спречи сензација, Атлетико се спасуваше со десетмина, Стуани двоен стрелец!

(Видео) Хименез спречи сензација, Атлетико се спасуваше со десетмина, Стуани двоен стрелец!

=Дебитантот во шпанската примера пропушти голема прилика да приреди сензација на своето „огнено“ крштевање.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Атлетико Мадрид имаше негатива од 2:0 против новајлијата Гирона, но домаќините имаа и играчка предност на теренот, од 68 минута кога црвен картон во редовите на „Јорганџиите“ заработи одличниот Антоан Гризман.

Сепак, тимот на Диего Симеоне покажа дека знае да се врати од „мртвите“, на Анхел Кореа и Хименез. Двата погодоци за Гирона ги постигна фудбалерот кој своевремно настапуваше во Премиер лигата, Кристијан Стуани.

Во натпреварот кој се одигра нешто порано Реал Сосиедад запиша победа од 2:3 против Селта Виго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн се збогува со тројца важни играчи откако ја освои титулата во Германија

Баерн во победата од 5:1 против Келн го подигна трофејот на Бундеслигата, а пред последнио…