Дома Фудбал Италија Што бесниот Ибрахимовиќ му кажа на судијата во последните минути?

Што бесниот Ибрахимовиќ му кажа на судијата во последните минути?

Напаѓачот на Милан Златан Ибрахимовиќ беше бесен на судијата Ливија Маринели после ремито без голови на својот тим против Болоња на „Сан Сиро“ во рамките од 31. коло во Серија А.

40-годишниот шведски интернационалец беше незадоволен од исходот на натпреварот, а дел од своите фрустрации ги „истури“ на судијата Маринели, а „Кориере дело Спорт“ открива што напаѓачот му кажал на судијата при излегувањето од теренот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Искусниот напаѓач во 70. Минута го замени Жиру во обид „росонерите“ да постигнат барем еден гол, меѓутоа и покрај големиот број прилики тоа не се случи.

Ибрахимовиќ беше лут затоа што судијата во последните минути не реагираше на „крадењето“ време на играчите на Болоња. Во таа ситуација Италијанците открија дека Швеѓанецот на арбитрот му дофрлил: Комплименти, комплименти…

Шведскиот напаѓач е без гол повеќе од два месеци, а последен пат во листата на стрелци се запиша против Венеција (3:0) на 9-ти јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Капело за проблемите на Реал: Модриќ, Крос, Каземиро

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело даде интервју за Marca во кое ги анализира ак…