Како што пренесуваат италијанските медиуми Златан Ибрахимовиќ е блиску до одлука.
Имено, после неуспехот на Шведска во баражот за Светско првенство, Златан Ибрахимовиќ би можел да донесе одлука за крај на кариерата, пренесуваат од утрово голем дел од италијанските медиуми. Ибра посакувал титула за на најдобар начин да се прости од професионалното играње фудбал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан последното Скудето го освои пред 11 години токму со Ибра во тимот кој беше продаден во ПСЖ. Сега се врати и „росонерите“ повторно се лидери и се во трка за двојна крунба. Ибрахимовиќ во Милан е најплатен играч со 7.5 милиони евра и ако продолжува сигурно ќе мора да прифати намалување.
Меѓутоа, парите не се мотив за Ибра, има 41 година и медиумите пренесуваат дека чувствува преголем стрес и затоа сака да ја заврши кариерата. Наводно веќе има и две понуди, едната е да биде директно во Милан, а другата да добие улога во Шведската репрезентација.
Неодамна се појави негова изјава дека не размислува за крај додека не види некој подобар од него, но изгледа дека ситуацијата се променила со елиминацијата на Шведска.