Дома Трансфер зона Лаутаро се сели во Шпанија за 78 милиони

Лаутаро се сели во Шпанија за 78 милиони

Италијанскиот гигант Интер е спремен да слушне понуди за големата ѕвезда на тимот Лаутаро Мартинез, пренесува „Газета дело Спорт“.

Аргентинецот пред само неколку месеци потпиша договор до 2026 година и стана најплатен фудбалер во тимот со годишна плата од 7,5 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лаутаро оваа сезона  не игра на своето ниво, па во Интер сметаат дека сега е идеален момент за негова продажба бидејќи за Лаутаро интерес покажуваат неколку европски гиганти.

Најсилен интерес покажува Атлетико Мадрид, кој во него гледа идеален наследник за Луис Суарез.

Симеоне верува дека неговиот сонародник идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра и е спремен да плати 78 милиони евра, колку што бара Интер за неговата слобода.

„Нероаѕурите“ со таа сума ќе ја поправат лошата финансиска состојба, а сакаат да го донесат Дибала без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…