Дома Фудбал Англија Артета најави голем трансфер: Потребен ни е гол-играч!

Артета најави голем трансфер: Потребен ни е гол-играч!

Стратегот на Арсенал Микел Артета потврди дека клубот ќе работи на засилувања во летниот преоден рок.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Топџиите“ се во добра позиција во борбата за четвртото место и после неколку години пауза конечно би можеле да ги гледаме во најелитното европско натпреварување. Ако се изборат за пласман во ЛШ, Арсенал ќе биде активен на трансфер пазарот.

„Сега е моментот кога треба да го подигнеме нашиот квалитет. Потребен ни е гол-играч, тоа ќе биде наш приоритет. Секој успешен тим треба да има играч кој во секој момент може да биде опасност за противничкиот гол“, изјави Артета.

Во овој момент Арсенал се наоѓа на шестата позиција на табелата во Премиер лигата со 45 освоени поени, но со три натпревари во однос на конкурентите Манчестер Јунајтед и Вест Хем кои имаат по 47, односно 45 бодови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Знаете ли дека финалето во Лигата на шампионите оваа година се игра во термин како никогаш претходно?

Откако стана јасно дека на 30 мај во Будимпешта ќе играат Арсенал и Пари Сен Жермен во фин…