Дома Трансфер зона Миланско дерби за плејмејкерот на Реал Мадрид

Миланско дерби за плејмејкерот на Реал Мадрид

Италијанските гиганти Милан и Интер се заинтересирани за плејмејкерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Себаљос минатото лето се врати во Реал од позајмицата во Арсенал, но до сега има само три настапи и јасно е дека Анчелоти не смета на него.

Реал Мадрид го стави Шпанецот на трансфер листа, а миланските клубови сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го доведат во своите редови.

Интерес за Себаљос покажува и Бетис, но Шпанецот преферира преселба во Серија А и неговиот агент веќе е во контакт со миланските гиганти.

Милан и Интер сакаат да го засилат средниот ред со креативен играч, па веруваат дека Шпанецот би бил идеално решение.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…