Баерн Минхен се вклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Торино, Глеисон Бремер.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
24-годишниот Бразилец игра одлична сезона и се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Бразилецот неодамна го продолжи договорот, но јасно е дека Торино нема да може да го задржи на лето.




Милан, Интер и Јувентус силно го посакуваат дефанзивецот, но сега во трката се вклучи и Баерн Минхен и е спремен да го „украде“ пред носот на италијанските гиганти.




Баварците бараат замена за Никлас Зуле кој заминува на крајот на сезоната и веруваат дека Бремер би бил идеално решение за одбраната.