Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус на лето би можел да се пресели во Серија А.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Одличниот Бразилец има договор со „граѓаните“ до лето 2023 година, но бидејќи нема најави за продолжување Сити е спремен да го продаде.




Ситуацијата внимателно ја следат Милан и Интер кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Двата клуба се во потрага по квалитетен напаѓач, а Габриел Жесус има само 24 години и веќе ја покажа својата класа во Европа.




Оваа сезона Жесус има 25 настапи за Манчестер Сити на кои постигна 6 гола и 9 асистенции, а неговата цена изнесува околу 40 милиони евра.