Примарна цел на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач.
Алексис Санчез сигурно ќе го напушти клубот, Џеко е веќе на залез на кариера, па раководството сака да донесе нов напаѓач.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Газета дело Спорт“ пренесува дека миланскиот гигант повторно се насочува кон Антони Марсијал за кого интерес покажуваше и во минатото.
Марсијал во јануари се пресели во Севиља на позајмица, но без право на откуп, па на лето сигурно ќе се врати во Манчестер Јунајтед.
Интер и во минатото покажуваше интерес и верува дека сега е идеален момент да испрати понуда за Французинот.