Дома Трансфер зона Јувентус го сака плејмејкерот на Реал Мадрид

Јувентус го сака плејмејкерот на Реал Мадрид

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри сака да го засили тимот со играч на Реал Мадрид, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алегри не е задоволен од настапите на Адриен Рабио и сака да го донесе шпанскиот плејмејкер Дани Себаљос.

„Старата дама“ сака да го засили средниот ред, а Алегри смета дека Себаљос ќе биде идеален партнер за Локатели.

Себаљос минатото лето се врати во Реал од позајмицата во Арсенал, но до сега има само три настапи и јасно е дека Анчелоти не смета на него.

Реал Мадрид го стави Шпанецот на трансфер листа, а Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…