„Кориере дело Спорт“ открива дека главната трансфер цел на Милан на лето ќе биде Доменико Берарди од Сасуоло.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан сака да ја засили десната крилна позиција, а најголема желба на тренерот Пиоли е токму Доменико Берарди.




Берарди игра уште една одлична сезона и до сега има постигнато 10 гола и 11 асистенции, па и самиот е спремен да направи чекор напред во кариерата.




Сасуоло е спремен да го пушти, но за неговата слобода бара помеѓу 30 и 40 милиони евра.
Милан веќе стапил во контакт со агентот на Италијанецот и се очекува наскоро да започне преговори со Сасуоло.