Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е блиску до договор со ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор истекува на крајот на сезоната. Аргентинецот беше подготвен да го продолжи договорот, но Јувентус ги промени условите, па односите помеѓу двете страни се нарушија.




„Газета дело Сппорт“ пренесува дека директорот Бепе Марота, кој е бивш директор на Јувентус, ја искористил ситуацијата и започнал преговори со агентот на Дибала.




Двете страни се блиску до договор и Дибала ја прифатил понудата за 5-годишен договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.
Интер сака да го донесе Дибала без обештетување, а да го продаде Лаутаро Мартинез за 70 милиони евра и така да ги финансира другите летни трансфери.