Aнтонио Конте пред неколку дена имаше интервју за италијански „Скај“ и ова интервју предизвика бура од реакции во Англија затоа што тоа што Конте го зборуваше беше протолкувано како напад на клупското раководство.
„Ние не се засиливме оваа зима, ние сме ослабени. Визијата на клубот е да се игра со млади играчи, а неминовно е дека ако сакате брз раст, потребно е да имате играчи со многу поголемо искуство. Такви играчи го подигнуваат нивото на целиот тим. Дури сега сфатив каква е визијата на клубот“, беше главниот дел од интервјуто кое се пренесуваше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега италијанскиот тврди дека тој не го кажал тоа, туку неговите зборови биле погрешно преведени.
„Сите во клубот многу добро знаат што јас милам. Бев вознемирен за целата ситуација затоа што стануваше збор за интервју на италијански јазик. Сега ми е јасно зошто клубот не сака да правам интервјуа со италијански медиуми. Преводот не беше истиот со она што јас го кажав“, изјави Конте.