Реал Мадрид направил голем чекор напред за обезбедување на потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според „Спорт“ претсавници на „кралскиот“ клуб имал средба во Монако со адвокатка Рафаела Пимента, која е десна рака на Мино Раиола, агентот на Халанд и со таткото на играчот Алф-Инге Халанд.
Трите страни потпишале споразум со кој се блокираат преговорите со другите заинтересирани клубови, како што се Барселона, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед.
Начелно е договорено Реал Мадрид да има приоритет во преговорите иако е нагласено дека последниот збор за евентуалниот трансфер ќе го има самиот фудбалер.
Реал нема да има проблем да ја плати откупната клаузула од 75 милиони евра, како и провизијата за агентот и таткото на Халанд.
Двете страни се договориле Халанд самиот да реши кога ќе го засили Реал, дали тоа ќе биде ова лето или летото во 2023 година.
🚨 Real Madrid have met with Erling Haaland's agent and father in Monaco and reached a verbal agreement over a move.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) February 18, 2022
(Source: @SPORT) pic.twitter.com/mO1TjeesGW