Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.
Станува збор за 21-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари минатата година пристигна во Салцбург од Филаделфија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Аронсон е офанзивен играч за врска, кого го карактеризира голема техника и чуство за гол и веќе е стандарден репрезентативец на САД.
Неколку клубови од Премиер лигата, Милан, Јувентус и Севиља внимателно ги следат неговите настапи и сакаат да го донесат на лето во своите редови.
Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 25 милиони евра, па се очекува голема битка за потписот на Американецот.