Дома Топ вести Јувентус почна преговори со Осман Дембеле

Јувентус почна преговори со Осман Дембеле

Осман Дембеле ќе ја доигра сезоната во Барселона, а на лето како слободен агент ќе го напушти клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Французинот ги одби сите понуди од Барселона за продолжување на соработката, па на лето ќе биде слободен агент.

„Спорт“ пренесува дека Дембеле не сакаше ни да ги слушне понудите на Челзи, Тотенхем и ПСЖ, а причината за тоа е дека веќе преговара со друг клуб.

Каталонски „Спорт“ открива дека Јувентус веќе испратил понуда до неговиот агент и ги започнал преговорите со Французинот.

„Бјанконерите“ се спремни да му платат богат бонус при потпис на договорот, притоа му нудат плата од 10 милиони евра нето по сезона.

Преговорите се започнати, но и други клубови се силно заинтересирани и се спремни да ги понудат истите услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…