Челзи подготвува сериозни засилувања на лето и внимателно ја следи ситуацијата со четворица слободни агенти.




Челзи не беше активен во зимскиот преоден рок, но затоа спрема големи засилувања на крајот на сезоната.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Приоритет ќе биде засилување на одбраната, а за таа цел „сините“ следат тројца дефанзивци на кои им завршува договорот на крајот на сезоната.




Станува збор за Алесио Ромањоли од Милан, Матијас Гинтер од Мехенгладбах и Никлас Зуле од Баерн Минхен.
Челзи стапил во контакт со агентите на овие фудбалери и ќе се обиде барем еден од нив да донесе на „Стенфорд Бриџ“ на лето.




Лондонскиот клуб е силно заинтересиран и за Осман Дембеле кој на лето ќе биде слободен агент. Конкуренцијата за Французинот е голема, но „сините“ ќе се обидат да го донесат во своите редови.