Дома Трансфер зона Реал Мадрид и Рудигер се договорија

Реал Мадрид и Рудигер се договорија

Антонио Рудиер ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната, а шпанските медиуми тврдат дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

28-годишниот дефанзивец влезе во последната година од договорот со Челзи, а Германецот ги одби сите понуди од лондонскиот клуб за продолжување на соработката.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Шпанските медиуми пренесуваат дека неговиот агент постигнал комплетен договор со Реал Мадрид и на лето Рудигер како слободен играч ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Германецот ќе потпише 3-годишен договор тежок 12 милиони евра по сезона, со што ќе стане најплатен дефанзивец во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…