Пјер-Емерик Обамејанг го имаше првиот тренинг со тимот на Барселона, иако трансферот се уште не е потврден.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Обамејанг вчера пристигна во Барселона и синоќа успешно ги мина лекарските прегледи и го потпиша договорот непосредно пред истекот на јануарскиот рок.




Обамејанг потпиша договор пред самиот крај на јануарскиот преоден рок, меѓутоа Барселона чека потвра од шпанска Ла Лига за да може да го регистрира.




Габонецот во Барселона доаѓа како слободен играч, откако го раскина договорот со Арсенал, а сега се чека само официјална потврда дека тој е новиот играч на Барселона.
Обамејанг веќе се приклучи на тимот на Барселона и денеска го одработи првиот тренинг.
📸🔵🔴 AUBAMEYANG ya entrena con el Barça a las órdenes de Xavi pic.twitter.com/j7FeyP4XWa
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) February 1, 2022