Голгетерот на Фиорентина, Душан Влаховиќ никогаш не криеше дека негов идол е Златан Ибрахимовиќ, а во интервју за „ДАЗН“ откри поради што го цени асот на Милан и како изгледала нивната прва средба.




„Кој е мој идол? Идоли ми се таткото, мајката и сестртата. Кога зборуваме од фудбалски аспект, најмногу ми се допаѓа Ибрахимовиќ. Има неверојатен карактер и желба да не се откаже. Се што направи, направи сам. Зборувам за играч со голем карактер. Сите знаеме за каков фудбалер се работи“.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Се потсети на ситуацијата во која Ибрахимовиќ му го дал дресот.
„Му зборував: Ти благодарам, ти благодарам, ти благодарам…Си отидов дома облечен во дресот“, откри Влаховиќ.