Дома Фудбал Англија Порака за тренерите и фудбалерите во Премиер лигата: Играјте фудбал, да не беше фудбалот ќе работевте во Мекдоналдс!

Порака за тренерите и фудбалерите во Премиер лигата: Играјте фудбал, да не беше фудбалот ќе работевте во Мекдоналдс!

Сајмон Џордан, поранешниот сопственик на Кристал Палас ги нападна фудбалерите и тренерите во Премиер лигата кои се жалат на календарот и бројот на натпревари во една сезона.

„Секојдневно ги слушам изјавите на Клоп, неговиот помошник и останатите кои се жалат и зборуваат како треба да се организира фудбалот тука. Условите за сите се еднакви. Сите знаат што се случува и дека во одреден период од годината треба да играат за публика. Дали заборавиле како дојдоа до таму каде што се? Благодарение на побарувачката. Ако не беше фудбалот не би добивале милиони годишно“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Не сакам да бидам погрешно разбран, но веќе е доста од такви разговори! Играјте фудбал, прифатете дека сте фудбалери и со тоа можете многу да си дозволите. Можеби треба да се освестите за да видите колку сте среќни. Ако не беше фудбалот, денес барем половина од вас ќе работеа во Мекодналдс и ќе одеа на работа секој ден“, порача Џордан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…