Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија Ѓорче Петров го продолжи договорот со двајца Бразилци

Македонија Ѓорче Петров го продолжи договорот со двајца Бразилци

Oткако ги завршија обврските на полусезоната во македонското првенство во Македонија Ѓорче Петров веднаш започнаа на средување на ростерот по мерка на Муарем Бајрам кој ги препороди „лавовите“ откако дојде на клупата.

Вчера беше објавено дека Абу Камара и Балша Бановиќ повеќе не се играчи на клубот од Ѓорче и се слободни во изборот на новата средина. Денес од Ѓорче пристигна информација за продолжување на договорите на двајца фудбалери.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Станува збор за двајцата Бразилци, Фернандо и Матеус. Двајцата ја продолжија соработката со Македонија Ѓорче Петров до 2023 година. „Лавовите“ паузата на полусезоната ја дочекаа на шестата позиција на табелата со 27 освоени бодови.

Фото: ФК Македонија Ѓорче Петров

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…