Доријан Бабунски има зад себе одлична година во дресот на Ботев Враца, а од почетокот на сезоната е еден од најдобрите стрелци во бугарското првенство.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Таквите настапи на Бабунски беа причина за интерес од поголемите клубови кај нашиот источен сосед. Левски од поодамна се поврзува со македонскиот напаѓач, потоа во игра влезе и ЦСКА Софија. Сега бугарските медиуми пишуваат дека Левски е спремен да испрати понуда од 100.000 евра за услугите на Бабунски.




Се шпекулираше дека тоа е сума која би ги задоволила апетите на Ботев, па останува да се видиме како ќе се одвива ситуацијата. Покрај клубовите од Бугарија за Бабунски постои интерес и од клубови од други држави.