Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Ако се занимавав со политика, ќе бев претседател

Ибрахимовиќ: Ако се занимавав со политика, ќе бев претседател

Искусниот шведски напаѓач на Милан, Златан Ибрахимовиќ е еден од оние спортисти кои вниманието го привлекуваат и со изјавите во медиумите.

Сега Швеѓанецот зборуваше за проблемите со расизмот во спортот. Кога постигна гол против Рома навивачите му испраќаа провокации, а тој бараше да продолжат. Во тие моменти од трибините можеше да се слушне „циган, циган“…

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Леброн е еден од најголемите борци во спортот против расизмот, па Ибра доби прашање за него.

„Не го познавам Леброн лично. И не го осудувам. Без оглед што чувствува кон расизмот, во право е. Кога 50.000 луѓе ве викаат „циган“ тоа е исто и тоа е расизам“.

Сепак во свој стил уште еднаш подвлече дека не се занимава со политика.

„Но, јас не се занимавам со политика. Јас сум спортист, сакам да ширите љубов. Ако бев во политиката ќе бев претседател“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бернардо Сила се сели во Серија А бесплатно

Ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Сила влезе во последната година од договорот со „граѓ…