Реал Мадрид планира целосна реконструкција на крајот на сезоната после која „кралевите“ ќе имаат пеколен напад.
Претседателот Флорентино Перез реши да се ослободи од некои фудбалери на крајот на сезоната, меѓу кои се Марсело, Герет Бејл, Иско…
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Планирано е и продолжување на договорот за Лука Модриќ, кој најверојатно во шпанскиот гигант ќе остане уште една година, а потоа Перез ќе тргне по остварување на главната цел.
Потоа Перез ќе тргне по остварување на главната цел, а тоа е Килијан Мбапе.
„Кралевите“ се убедени дека ќе го ангажираат Французинот, зашто тој од следното лето ќе биде слободен играч и не крие дека сака да се пресели во Мадрид.
Планот на Перез бил да се гради ново опасно трио во нападот кое ќе го сочинуваат Мбапе, Карим Бензема и Винисиус Жуниор.