Дома Фудбал Италија Милан – Интер: Битка за Милано и за Скудето

Милан – Интер: Битка за Милано и за Скудето

Вечерва сите фудбалски погледи ќе бидат свртени кон Милано, кога на програмата во Серија А е Дерби дела Мадонина. Во моментов непобедениот Милан е домаќин на градскиот ривал Интер на Сан Сиро.

Бранителот на титулата Интер заостанува седум бода пред своите ривали пред првото сезонско Дерби дела Мадонина и не смее да доживее пораз кој би можел да ги остави без надежи за скудетото.

Милан има неверојатна сезона


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во 229-то дерби на Милано, тимот на Стефано Пиоли лета високо, а особено на домашен терен каде има пет од пет заедно со лидерот Наполи, но има и неверојатна серијата од седум последователни победи.

Чудна е сезоната на Милан и покрај оваа серија. Во домашниот шампионат се одлични, но во Лигата на Шампионите се очајни. Првиот бод го освоија во текот на неделава против Порто на домашен терен. Воедно, тоа беше прв бод за нив во групата Б од ЛШ.

Ваквиот резултат едвај е добра подготовка за нивната најголема ноќ во сезоната досега, бидејќи тие се обидуваат да стигнат до осум победи во лигата за прв пат по 2006 година, кога тие забележаа девет под водство на Карло Анчелоти.

Како и да е, второпласираниот тим во Серија А ги загуби последните три дербија во Серија А на домашен терен – само еднаш во нивната историја тие загубија повеќе во низа. Исто така беа исфрлени од Купот на Италија од Интер, така што во последно време традицијата е целосно на страната на гостите.

Но затоа, одмаздата може да биде мотивирачки фактор и за поранешниот тренер на Интер, Пиоли – кој беше на чело на само 27 натпревари за Нероаѕурите.

Интер не смее да загуби

По поразот од Лацио со 3:1 во средината на минатиот месец, тимот на Симоне Инзаги остана непоразен на пет натпревари, со само еден нерешен резултат во Дерби д’Италија – кога Јуве израмни од контроверзен пенал пред крајот на мечот.

Нивниот последен успех дојде во Придњестровје во средата, кога Интер го победи изненадувањето на сезоната – Шериф во Лигата на шампионите. Со тоа освојувајќи три бода сега се најде на второто место зад Реал Мадрид во добра позиција за пласман понатаму.

Само неколку дена претходно, „нероаѕурите“ славеа над  Удинезе во лигата благодарение на Кореа кој игра се подобро и подобро и тој заедно со Мартинез и Џеко прераснуваат во одличен тандем.

Инзаги ќе биде загрижен од разликата од Милан и Наполи, која би можела да порасне на цели 10 бода со пораз во недела. Затоа, влогот ќе биде голем на Сан Сиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …