Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле прерасна во вистинска легенда и најдобар стрелец во историјата на Лацио.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
31-годишниот напаѓач со вчерашниот гол против Марсеј во Лигата на Европа се искачи на првата позиција на вечната листа стрелци во дресот на Лацио. Репрезентативецот на Италија за Лацио постигна 160 гола на 233 натпревари и успеа да го прескокне Силвио Пиола кој стигна до 159 гола на 243 натпревари.
Зад Имобиле и Пиола на третото место е Џузепе Сињори со 127 гола.