Дома Фудбал Италија 19-годишен талент на Јувентус става крај на кариерата поради депресија

19-годишен талент на Јувентус става крај на кариерата поради депресија

Голем проблем со депресија има 19-годишниот фудбалски бисер Мохамед Ихатарен, кој е еден од најголемите таленти во Европа.

Ихатарен важи за еден од најголемите таленти во светот, тој минатото лето пристигна во Јувентус од ПСВ, а потоа беше испратен на позајмица во Сампдорија.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Сепак, играчот кој експлодираше во ПСВ и веќе одигра 74 натпревари, се бори со тешка депресија поради смртта на неговиот татко и размислува да стави крај на кариерата.

Јувентус и Сампдорија засега остануваат тивки по ова прашање, а веројатно најтешката задача ја има менаџерот Мино Раиола, кој сигурно ќе се обиде да го врати Ихатарен на фудбалските терени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Родри повторно се повреди. Ќе паузира еден месец

РОДРИ (29), клучниот играч за врска на Манчестер Сити, повторно се соочи со повреда која ќ…