Дома Фудбал Италија Листата на најплатени тренери во Серија А: Алегри и Мурињо на врвот

Листата на најплатени тренери во Серија А: Алегри и Мурињо на врвот

Иако Антонио Конте како убедливо најплатен тренер ова лето го напушти Интер, сепак вкупната сума за плати на тренери во Серија А порасна за 5%.

За тоа најзаслужните се Масимилиано Алегри, кој се врати во Јувентус и Жозе Мурињо, кој седна на клупата на Рома.

Двајцата трофејни стратези се убедливо најплатени тренери во Серија А и годишно заработуваат по 7 милиони евра нето.

На третото место е Симоне Инзаги кој во Интер заработува 4 милиони евра годишно, а потоа следуваат Маурицио Сари и Спалети со 3 милиони евра годишна плата.

Тренерот на Аталанта, Гасперини има плата од 2,2 милиони, а Пиоли, Михајловиќ и Јуриќ годишно заработуваат по 2 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алварез стана „персона нон грата“ во Атлетико Мадрид

Ситуацијата околу еден од најпознатите напаѓачи на денешницата зеде сосема неочекуван прав…